Промени тема
Контакт

Борисов: Ќе видиме за Гоце Делчев, но јас нема да бидам предавник на Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev-Borisov-F

Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје е домаќин на бугарскиот колега Бојко Борисов по повод две години од потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

„Не сакам ниту да помислам да се доведеме во состојба Бугарија да ги блокира евроинтеграциите на С. Македонија“, истакна  бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање – дали би можело да се случи, под некакви околности Бугарија да го блокира просперитетот на С. Македонија кон ЕУ.

— реклама —
— реклама —

Борисов апелираше историчарите во комисиите да си ја вршат својата работа, а политичарите само да се поклонуваат пред спомениците на паднатите херои. Тој изрази надеж дека ќе се решат и недоразбирањата околу Гоце Делчев.

— реклама —

– Ги охрабруваме двете комисии, решивме четири историски личности кои заеднички ги чествуваме. Верувам дека ќе се најде решение и за херојот Гоце Делчев, тој е личност и херој кој нѐ поврзува, истакна премиерот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања