Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Борисов му го честиташе реизборот за премиер на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-borisov

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на Зоран Заев за изборната победа и за реизборот за премиер на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба во Софија.

– Бугарија неуморно се залага за правото на граѓаните на Република Северна Македонија да бидат дел од европското семејство, рече премиерот Бојко Борисов во честитката до својот колега, пренесува Бгнес.

— реклама —

Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката за европската иднина на својот најблизок сосед, поттикнат од верувањето дека процесот на пристапување во ЕУ ќе биде клучен двигател за реформите и стабилноста.

— реклама —

Бугарскиот премиер посочува дека кога тој и Заев лично го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, тие не само што отворија ново поглавје во историјата на билатералните односи, туку и му покажаа на светот дека земјите од регионот се доволно зрели, способни и амбициозни сами да ги решаваат своите проблеми.

— реклама —

– Со тој чин, нашите две земји се обврзаа да работат на зајакнување на економската соработка, врските во образованието и културата, меѓу бизнисот и луѓето од двете страни на границата, му напиша Борисов на Заев. Борисов изразува уверување дека како и пред три години така и денес водечки фактор за политичарите е желбата да се обезбеди подобра иднина за граѓаните, бидејќи односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се развиваат на нивото на кое треба да бидат секогаш – на најблиски соседи и пријатели.

Во честитката до Заев, Борисов додава дека двете земји треба да останат одговорни и посветени на исполнување на целите поставени во 2017 година со потпишаниот договор.

– Во тој дух, искрено се надевам дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања наскоро ќе ги продолжи своите активности и дека членовите на Република Северна Македонија ќе покажат конструктивен став и јасна посветеност да се постигне согласност за прашањата што се дискутираат, додава Борисов

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања