ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Борисов на средба со Доналд Трамп во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
borisov

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД, каде денеска ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Во Белата куќа тие ќе разговараат за стретешките односи меѓу двете земји и развојот на билатералните односи.  Според најавите, акцент ќе биде ставен на начините за зајакнување на напорите во областа на безбедноста, во контекст на НАТО и ангажманот на официјална Софија за зголемување на буџетот за одбраната.

— реклама —

Исто така, според БГНЕС, се очекува Борисов и Трамп да разговараат за енергетската диверзификација, изградбата на „Турски поток”, како и терминал за добивање американски течен гас. На средбата ќе стане збор и за влијанието на Русија во Бугарија, а се очекува американскиот претседател да ја наметне и темата – корупција.

— реклама —

Средбата на американскиот претседател со бугарскиот премиер е дел од серијата разговори со лидерите од централна Европа, а досега Трамп имаше средба со колегите од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија и Романија.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања