Бугарскиот премиер Бојко Борисов разговарал со премиерот Зоран Заев за урнатиот приватен авион, во кој загина четиричлено бугарско семејство. Борисов за бугарските медиуми посочил дека е подготвен да прати хелихоптер на местото на несреќата. Тој изразил надеж дека тимовите ќе ги разјаснат причините кои довеле до уривање на приватниот авион.
Пронајдени се телата на четворицата патници од авионот што попладнево се урна на Солунска Глава. Станува збор за Бошнаков Ангелов Георги роден 1970 год, Бошнакова Георгиева Гергана, родена 2005 год., Бошнакова Георгиева Билјана, родена 2000 год. и Корнајева Цонева Калина родена 1972 година.
Главниот помошник за безбедност на летовите во Техничкиот универзитет во Бугарија, Марин Петров, за тамошните медиуми изјавил дека при воздухопловни инциденти, се разгледуваат сите причини кои би можеле да доведат до несреќа. Според него, ќе треба да се провери обуката која ја поминал пилотот, состојбата на авионот, временските услови.