Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Борисов за протерувањето на руски дипломат: „Ние сега фативме дипломат вклучен во шпионажа и одлучив веднаш да го решам прашањето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
borisov

Мојата земја никогаш не била заложник на притисоците кога станува збор за протерувањето руски дипломати, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод информациите дека бугарските власти протерале руски дипломат под сомнение за шпионажа.

„Претседателот Путин ме познава многу добро, тој знае и дека јас не сум подложен на притисоци. Кога на сите им наредуваа да протеруваат дипломати, јас не го сторив тоа. Сепак, ние сега фативме еден дипломат вклучен во шпионажа и одлучив веднаш да го решам прашањето“, рече тој.

— реклама —

Инаку, Бугарските власти одбиле да му издадат виза на рускиот воен аташе во Амбасадата на Русија во Софија еден ден по протерувањето друг руски дипломат, пренесува бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Дипломатот на кој му е одбиена визата сè уште е во Москва.

Одлуката за неиздавање виза била донесена по препорака од неименувана институција со која е договорено именувањето, а која дала негативно мислење. Од министерството не објавија детали за причините за одлуката, но нагласија дека тоа не значи оти рускиот дипомат ќе биде прогласен за персона нон грата.

— реклама —

Москва била информирана за таа одлука, информира бугарското МНР, но Русија сè уште не се произнесла јавно за проблемот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања