Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Свет
media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

Германскиот автомобилски добавувач „Бош“ планира до крајот на 2029 година да укине уште 750 работни места во својот погон во Абштат, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, Германија.

— реклама —

Компанијата најави дека намалувањето на бројот на вработени ќе се спроведе на социјално прифатлив начин, а како причини ги посочи неповолните економски услови и големите структурни промени во автомобилската индустрија, објави германскиот весник „Виртшафтсвохе“.

Од „Бош“ предупредуваат дека светското производство на автомобили стагнира, побарувачката во Европа опаѓа, а конкуренцијата се засилува, особено поради производителите од Азија. Дополнително, се менува и пазарот на системи за сопирање, со сè поголема побарувачка за поевтини решенија.

— реклама —

Еден од факторите за намалувањето на капацитетите во Германија е и развојот на електронските системи за сопирање „Brake-by-Wire“, кај кои нема непосредна механичка или хидраулична врска меѓу педалата и сопирачките на тркалата. Овие системи сè почесто се развиваат во соработка со кинески производители на автомобили и во развојните центри на „Бош“ во Кина, што ја намалува потребата од развојни капацитети во Германија.

— реклама —

Во погонот во Абштат работат околу 5.300 лица. Намалувањето ќе го опфати секторот „Vehicle Motion“, кој развива системи за сопирање, софтвер за управување со движењето на возилата, системи за заштита на патниците и автомобилски сензори. Одделението „Cross-Domain Computing Solutions“ и компанијата „Bosch Engineering“ нема да бидат опфатени со мерките.

Во германскиот сектор за мобилност на „Бош“, во различни временски периоди, планирано е укинување на повеќе од 23.000 работни места.

— реклама —

Во првата половина од 2026 година компанијата остварила приходи од 46,4 милијарди евра, што е раст од 3,6 отсто во споредба со истиот период лани. Сепак, растот главно бил резултат на преземања, меѓу кои и бизнисот за греење, вентилација и климатизација од компаниите „Џонсон Контролс“ и „Хитачи“. Прилагодената оперативна добивка пред камати и даноци се намалила од 2,3 на 2,2 милијарди евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 6 часа

evra

Пензиите во Германија од јули 2027 година би се зголемиле за 4,09 отсто

Свет | пред 1 ден

media-library92a5lc3565s157JDZOG

Вознемирувачки случаи во Германија, Австрија и Унгарија: Игли и шајки пронајдени во слатките што децата ги добиле за Ноќта на вештерките

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања