Судскиот полицаец Младен Д. убил маж на влезот во судот во местото Власеница, во источна Босна. Полицаецот според медиумите најверојатно си играл со пиштолот и случајно убил 52-годишен маж во Босна и Херцеговина.
Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.
– Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење – рекол очевидец.
Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52), инаку татко на три деца.
фото: haber.ba