Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бошњаците реагираат: Нашиот мајчин јазик наместо босански е именуван како бошњачки, доколку не се промени ќе го бојкотираме пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
popis-1

Бошњаци од Северна Македонија, ја известуваат јавноста дека во електронскиот образец за попис  нивниот мајчин јазик наместо БОСАНСКИ е именуван како БОШЊАЧКИ јазиk.

— реклама —

Во соопштението кое го испратија до медиумите се вели:

Врзано за ова БДС реагираше во повеќе наврати како писмено така и со директни контакти до надлежните институции на Северна Македонија ( Влада, МВР, ДЗСРМ и др.) но за жал оваа грешка постојано се повторува. Конечно ги повикуваме сите надлежни институции на Северна Македонија ВЕДНАШ да ја исправат оваа грешка, односно називот БОШЊАЧКИ ЈАЗИК да го променат во БОСАНСКИ ЈАЗИК.

— реклама —

Доколку тоа не биде сторено, БДС ќе ги повика Бошњаците од Северна Македонија да го бојкотираат пописот. Бараме од сите институции на Северна Македонија еднаш и засекогаш да разберат дека никој нема право да го менува нашиот национален и верски идентитет и дека се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат, бидејќи ние по националност сме БОШЊАЦИ, кои зборуваат на БОСАНСКИ ЈАЗИК и чија вера е ИСЛАМ. БДС ги застапува интересите на Бошњаците од Северна Македонија и за таа цел подготвен е да ја напушти владеачката коалиција.

фото: Бошњачки демократски сојуз

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања