Интегрален текст од соопштението на Демократско Бошњачката партија
Почитувани граѓани на Македонија се ближи 5 мај, денот кога секој од нас по свое лично убедување треба да донесе многу значајна и важна одлука, одлука по кој пат ќе се движи нашата држава. Сите ние треба да го дадеме својот глас за еден од двајцата кандидати Стево Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова.
Почитувани граѓани, иако од СДСМ на големо се славеше веста дека добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, која вест за жал беше невистинита и беше само обична манипулација со граѓаните заради партиски интереси.
Втора година по ред нема дата за почеток на преговори (иако на митинзите го лажат народот дека ова лето ќе го добиеме) бидејќи земјите од Европската унија јасно и недвосмислено му кажаа на Заев дека без суштински реформи, во економијата, образованието, владеењето на правото, здравството, корупцијата, непотизмот и обемната и неефикасна администрација нема добивање на дата за почеток за преговори со ЕУ.
Да се вратиме малку наназад и да се присетиме на кој начин се изгласа капитуланскиот Преспански Договор со Грција, на кој начин и со какви невидени уцени, притисоци и поткуп на пратениците за да гласаат за отворање и промена на уставот на Р.Македонија.
Владата на СДСМ не донесе ниту една реформа, не изгради ниту еден метар пат, не донесе ниту една странска инвестиција, а граѓаните мака мачат да преживеат од први до први, се е повеќе сиромаштија и се повеќе граѓани ја напуштаат нашата татковина. Бесправна држава нема ниту реформи ниту добра економија ниту просперитет за сите граѓани.
Многу пати сум кажал и сега ќе повторам: Се што започнува со лага, со лага и завршува, а невистината е лајт мотивот на врхушката на СДС, кои го молат бога да не се добие дата за преговори како би можеле и понатаму да се богатат на грбот и маката на сите граѓани на Македонија. Глумат некоиси реформатори и душегрижници на својот народ, а главна цел им е нивното незаконско богатење и распрачување на сето она што е стекнато пред нивното доаѓање на власт.
Почитувани граѓани на Р.М знам дека секој од вас ќе гласа по свое лично убедување и дека секој од Вас кој глуми патриот лажејќи го својот народ. Време е државата да тргне по правиот пат, вистинскиот пат, пат кој ќе води за доброто на сите нас без разлика на верската, етничката или политичката припадност, пат проткаен со право и правна држава, пат до кој секој од нас ќе биде горд, пат на вистината а не на лагата и пат за подобро утре за секој од нас и нашите поколенија, затоа треба на 5 мај масовно, сите ние (Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми, Торбеши, Египјани и останати) да излеземе и да гласаме будејќи се работи за нашата единствена татковина Македонија.
Почитувани граѓани сите ние знаеме дека со гласањето за Гордана Силјановска-Давкова својот глас го даваме за владеење на правото и правната држава. Со заокружување на бројот 2 го враќаме владеењето на правото во Р.Македонија.
На крај би сакал да ја искористам можноста на сите граѓани од муслиманска вероисповест да им посакам со леснотија да го испостат светиот месец Рамазан, месец кој ги чисти нашите гревови и во кој месец со нашите молитви и нашиот пост сме му најблиски на нашиот створител.