Божидар Божиновски алармира: Прашањето со историјата нема да биде оставено на мира додека нѐ се смени сосема македонската историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
1-5

Божидар Божиновски, на јавноста познат како критичар на актуелните состојби во Македонија, како и политиките на политичките партии, смета дека уставните измени нема да бидат единственото условување за нашата држава. Тој потсетува на изјави од бугарски политичари кои кажаа дека ова е само почеток.

— реклама —

Неговиот став во целост:

— реклама —

„Кој и да ве каже дека се само уставните и толку, наједноставно, лаже. Самите бyгapcки политичари изјавуваат дека ова е само почеток. И иако кај нив се менуваа влади ниеден политичар не го смени ставот на нивната владата - негaција на Македонија, македонскиот народ, јазик, историја и идентитет.

— реклама —

Според договорот за добрососедство треба да се усогласат образовните програми во Македонија и кај нас. Нормално тоа ќе оди преку историската комисија, во која е клучот на целото негирање. Лажат и дека јазикот, македонскиот јазик е признаен од Европа и е завршено прашање. Она што не одговарат, од кога е македонскиот јазик, какво е признанието. Почнаа со откажување од јазикот, дека не се зборувал надвор од границите на денешна Македонија, иако многу јасно науката кажува дека македонски дијалекти има во грција, бyгарија, Албанија, Косово и Србија. Со нивните тези на уништување на текот на создавање на современиот македонски јазик доаѓаат до бyгарскиот став - јазик измислен во 1944-та, кој претходно не постоел. Затоа ќе сакаат да ги збришат сите дејци кои пишувале на народномакедонски пред кодифицирањето.

Прашањето со историјата исто така нема да биде оставено на мира додека нѐ се смени сосема македонската историја. По нивен фалсификат, се разбира. Друг фалсификат е дека ја “ослободиле Македонија” во Втората светска војна, кој сакаат да го протнат. Со тоа се редефинира и историјата и самата Македонија. Ако тие ја “ослободиле” кои биле партизаните, борците, кои се бореле против “ослободителите”. Би му дошло дека тие всушност биле против “слободна Македонија”, оние кои навистина ја создадоа, во ваква историска перверзија ќе се “поробувачи”. Оние кои соработуваа со фашистите ќе се жртви, ослободителите џелат. Окупаторската власт ова го знае и свесно сака да нѐ збрише. А ќе ги збришеме ние нив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања