Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Божиновска од Солун: Интерконекциите клучни за енергетската безбедност и посилна Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-libraryrpg4g7peb75mcGatzDJ

Министерката Сања Божиновска учествуваше на настан во Солун со кој започна новиот проект на ОЕЦД за унапредување на електроенергетската поврзаност, дигитализацијата и регионалната соработка во Југоисточна Европа. Целта е модернизација на мрежите, интеграција на пазарите и забрзување на зелената и дигиталната транзиција. Таа нагласи дека интерконекциите и паметните мрежи се клучни за енергетска безбедност, конкурентност и интеграција со ЕУ. Северна Македонија работи на Битола–Елбасан (старт во март, рок ~30 месеци), коридор со Косово, унапредување Битола–Мелити и нова Струмица–Сандански.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше и се обрати на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“, кој се одржа во Солун, Република Грција, со што официјално беше започнат новиот проект на ОЕЦД за унапредување на електроенергетската поврзаност, дигитализацијата и регионалната соработка во Југоисточна Европа.

— реклама —

Настанот собра министри и високи претставници од земјите од регионот, како и претставници на ОЕЦД и европските институции, со цел да се дефинираат приоритетите за модернизација на електроенергетската инфраструктура, подобра регионална интеграција на пазарите на електрична енергија и забрзување на зелената и дигиталната транзиција.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека за земјите од регионот енергетските интерконекции и модерните електроенергетски мрежи не се само дел од зелената транзиција, туку се клучни за енергетската безбедност, економската конкурентност и интеграцијата со европскиот енергетски пазар.

— реклама —

„За земјите од Западен Балкан посилните електроенергетски интерконекции и паметните мрежи се од суштинско значење – тие обезбедуваат стабилност на системите, поголема размена на електрична енергија и услови за поголема интеграција на обновливите извори,“ истакна Божиновска.

Министерката нагласи дека Северна Македонија активно работи на неколку клучни проекти за регионално поврзување на електроенергетските системи. Меѓу нив е интерконекцијата Битола – Елбасан со Албанија, за која се очекува градежните активности на македонската страна да започнат во март, со рок за реализација од околу 30 месеци. Истовремено, земјата активно работи на зајакнување на исток–запад електроенергетскиот коридор во Западен Балкан, кој ќе го поврзе системот на Северна Македонија со Косово и ќе овозможи подобрена преносна способност и поголема стабилност на регионалниот електроенергетски систем.

Божиновска посочи и дека се работи на унапредување на постојната интерконекција Битола – Мелити со Грција, за која веќе е обезбедена техничка поддршка од Western Balkans Investment Framework, како и на новата интерконекција Струмица – Сандански со Бугарија, која е дел од пошироката регионална инфраструктура за електроенергетска поврзаност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања