Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Божиновски: Георгиески и Грданоски скоро две години лажат, решението за проблемот со кучињата ни на повидок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-28-05-19-12-26

Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски со својата неодговорност и неспособност докажаа дека немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата-скитници. Георгиески и Грданоски скоро две години ги лажат охриѓани, а решението за проблемот со бездомните кучиња не е ниту на повидок, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Детската игра ја претворивте во кошмар. Дали сте свесни по којпат ставивте детски живот во опасност?

— реклама —

Дали Георгиески и Грданоски се видно вознемирени како и девојчето, па ноќта ја поминале во страв будејќи се во сонот?

— реклама —

Веднаш ако имате грам морал и совест и двајцата да понесете одговорност!

— реклама —

Траумите кои ќе ги носи девојчето цел живот, но и сите претходни жртви на напади се ваш товар.

Оваа Локална власт не презема ништо за решавање на проблемот со кучињата- скитници.

Каков е тој стационар што божем функционира кога се’ уште врие од глутници кучиња-скитници низ улиците?

Додека Грданоски и Георгиески се правдаат со Агенцијата за храна и ветеринарство, децата одат со страв на училиште, граѓаните со страв се враќаат дома во вечерните часови.

Кога палмите се поважни од дивоградбите, а личните интереси пред животот на граѓаните, градот и граѓаните со СДСМ и Георгиески се во опасност.

Локалната Власт на СДСМ и Георгиески е кошмар за Охрид и охриѓани, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања