Божидар Божиновски е популарна јавна личност на Фејсбук, кој секојдневно коментира за различни политички и општествени прашања.
Божиновски денеска преку ФБ образложи Зошто нема да гласа.
Во продолжение фејсбук статусот на Божиновски.
Зошто нема да гласам:
- Затоа што во земјава има 500.000 сиромашни што живеат со еден оброк на ден и никој не направи ништо за нив. Не само што не направи туку тие се директни жртви на континуираното менување на СДСМ и ВМРО на власт и нивните грабежи
- Затоа што ми ја разредчија фамилијата, пријателите, познаниците кои поради нив заминаа странство
- Затоа што децата се лечат со пораки и донации додека Мира заема по 10.000 евра патни трошоци
- Затоа што сум од град во кој секој се дијагностицира по еден заболен од рак, а во 30 години никој ништо не направи за тој град
- Затоа што истиот тој град е град на духови поради поврзаноста на локални бандити кои секоја власт сака да ги има со нив
- Затоа што истите луѓе кои не ограбија во 90-тите бараат повторно да ги гласаме за да не пљачкаат уште
- Затоа што правда во земјава е само збор во речникот
- Затоа што живееме во една од најкорумпираните земји во Европа
- Затоа што на цел народ им е одземено достоинствот
- Затоа што три најзагаден градови во Европа се наоѓаат во Македонија, земјата која три децении ја водат исти луѓе
- Затоа што им дозволија на разни банки и извршител и да прават приватен грабеж на она што остана
- Затоа што законите важат само за најсиромашните
- Затоа што не ми е гајле дали ќе добиеме уште еден фокус кој ќе аминува се на партијата која го предложила
- Затоа што истите олигарси уште се на власт, уште побогати, народот посиромашен
- Затоа што нема лекови и инсулин поске 10-ти во месецот
- Затоа што ако немаш пари да се лелиш слободно можеш да умреш
- Затоа што патиштата ни се едни од најнесигурните
- Затоа што образованието ни е едно од најлошите, со најслаби резултати во Европа
- Поради најниски плати во Европа, скоро па модерни робови по странските инвестиции
- Затоа што на сите истите кои ги гласаме во циклус ни ја зедоа иднината
Од Македонија сум добил само горе-долу бесплатно основно и средно образование, за среќа со кадри кои се образувани во Југославија па имаа некој интегритет и знаење. Жал ми е што морам да плаќам даноци овде за да може да продилжи ова. Не би сакал да учествувам во политичкиот живот на оваа земја која само им зема на граѓаните, а не им давав ништо. Исто така не сакам да гласам на избори каде:
- Први ќе гласаат штабските глувци за да им се додворат на нивните партии за вработување
- Газдите ги тераат своите вработени да гласаат онака како што мислат дека најмногу им одговара за нивниот бизнис
- Избори кои уште на почеток се нелегитимни затоа што рекоа дека ако нема цензус ќе изгласале во собрание претседател иако не постои таква можност
- Избори на кои се купуваат гласови
- Избори на кои се гласа по инерција за партијата за која си без да го гледаш кандидатот
- Избори на кои ќе учествуваат луѓе кои два пати го избрале Ѓорѓе за претседател
И ова не значи дека сите се исти. Сите се катастрофални за Македонија на различни начини.
https://www.facebook.com/mojokilington/posts/10219659035335737