Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Божиновски: Нема ден да не снема вода за пиење во Охрид, покрај тоа дали Георгиески видел како непречистената вода со фекалии се влева директно во езерото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-30-07-19-11-02

Со Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема ден, а граѓаните на Охрид да не се изложени на проблеми. Тоа е неодговорно, недозволиво и нехумано.

Нема ден да не снема вода за пиење во дел од градот. Секојдневното живеење на граѓаните и туристите е отежнато. На жителите на Лакочереј им се ускратени основните услови за живот преку зачестените проблеми со водоснабдувањето иако навремено ги подмируваат обврските.

— реклама —

Оваа Локална власт наместо да ги решава проблемите на граѓаните најпрво ја зголеми цената на водата, а сега ги скрати средствата за изградба на системи за водоснабдување за 4.400.000 денари на сметка на враќање на долговите, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид..

Зошто Георгиески дозволи кратење на средствата за водоснабдување за сега жителите да се соочуваат со проблеми?

— реклама —

Георгиески да не дозволеше минус 1.000.000 денари за изградба на водоводни линии и минус 300.000 денари за појачување на водоводни мрежи, изградба и реконструкција на резервоари за вода во рурални средини сега жителите немаше да имаат вакви проблеми.

Дали Георгиески бил во Подмоље да види како непречистената вода со фекалии се влева директно во езерото од која се шири неподнослива миризба?

— реклама —

И сето тоа кај една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Доколку навистина се спроведуваат преораките од УНЕСКО треба да се реагира.

Се додека приориетет на директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Алексијоски ќе бидат репрезентациите по кафани и фудбалските клубови, а не проблемите на граѓаните сите ветувања на власта ќе останат само празни зборови.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш од „Водовод“ да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење.

Локалната власт на СДСМ и Георгиески работи недомаќински. Таа е синоним за неработење и нерешавање на проблемите на граѓаните.=, истакна Божиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања