Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Божиновски: Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-10-09-19-12-41

За СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, за жал децата не се најголема грижа. Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките. До каде е изградбата на нова градинка на просторот кај постоечкиот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ - Централна градинка, запраша на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

— реклама —

Ниту се зголеми капацитетот на градинката, ниту се реши проблемот со преголемиот број деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Георгиески и директорката да одговорат до каде е реконструкцијата на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица“?

— реклама —

Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката. Кога директорката планира да го реши проблемот со недостиг на стручен кадар?

Кажете барем едно реконструирано детско игралиште во дворовите на сите објекти од градинката или пак на постоечките детски игралишта во населбите?

— реклама —

Доколку СДСМ и Георгиески навистина се грижеа за децата немаше да скратат 16.300.000 денари за капитални инвестиции и да остават средства само за санација, која впрочем ја нема,  наместо надградба на објектот Централна. Со СДСМ и Георгиески нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки.

— реклама —

СДСМ и Георгиески не водат грижа за најмладата категорија на граѓани, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања