Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Божиновски: Што се случи со Регистарот на дивоградби и зошто не е достапен за јавноста?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
image-01-02-20-11-38

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не ги спроведуваат активностите за исполнување на препораките од УНЕСКО. Пред самиот истек на рокот се фалат со сработеното, а тоа според стручната јавност е само шминка, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Градоначалникот Георгиески лицемерно најавуваше справување во секунди и лажно објавуваше борба со дивоградбите.

До каде е уривањето на сите дивоградби?

Зошто не се урива бетонската база?

Зошто не се почитува мораториумот за градба?

Што се случи со Регистарот на дивоградби и зошто не е достапен за јавноста?

— реклама —

Дали му се врзани рацете на Георгиески поради спроведениот изборен инжинеринг?

Неспособноста на СДСМ и Георгиески е видлива на терен.

Нема враќање на реката Сатеска во старото корито.

— реклама —

Нема затворање на депонијата Буково.

Власта на СДСМ и градоначалникот Георгиески не преземаат апсолутно ништо за процесот на рушење на дивоградбите кој е во целосна надлежност на општината.

Наместо да се крие зад измислени точки на Советот, градоначалникот Георгиески да не бара изговори со единствена цел да не постапи по решенијата.

— реклама —

Ако власта на СДСМ и Герогиески се залага за правна држава, тогаш крајно време е да престане да постапува спротивно од тоа, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

фото: ОК ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања