Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Божиновски: Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
296011-0.basic-bozinovski3

Зоран Заев и СДСМ вршат политички прогон. Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници. Апсењето и притворањето на Димитар Димовски, Дејан Митески и другите опфатени во монтираниот случај е само доказ за стравот на власта од се поочигледниот пораз, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Власта во овој, како и во сите други случаи каде се опфатени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ  ја злоупотребува мерката притвор,  наместо како мерка за обезбедување на присуство, ја користи како мерка за шиканирање и казнување.

— реклама —

Притворот се изрекува, доколку треба  да се обезбеди присуство на некое лице пред органите на прогонот. Опасност од бегство или непојавување во случајот со Димовски и Митески нема. Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе подолго време беше во куќен притвор. Доколку сакале да бегаат немало да чекаат да бидат доведени пред свршен чин.

Сите обвинети во монтираните судски процеси се дел од една хајка која нема врска со правото, туку служи  за заплашување.

Последниот монтиран случај нема никаква врска со правото. Ниту е извршено кривично дело, ниту е прибавена противправна имотна корист. СДСМ е веќе трета година на власт и доколку сметале, можеле во секој момент да го вратат земјиштето во посед на државата.

Власта има само за цел да ги малтретира притворените.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира Апелацискиот суд да се надвисне над политиката и да одолее на притисоците. Потребни се одлуки согласно законот, а не како што ќе нареди Заев. Апелацискиот суд треба да ја отфрли мерката притвор или да донесе  поблага мерка.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека за сите злоупотреби и кршења на правото ќе следува одговорност со враќање на правната држава и владеењето на правото, вели Божиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања