Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Божиновски: Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-03-10-19-12-57

Владата на Зоран Заев и локалната власт на градоначалникот Константин Георгиески не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО. Господине Георгиески Вие можете во Баку или во Париз да идеализирате, но за земја која целта и е Европската Унија мора да започне да се почитува владеењето на правото и законот, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО -ДПМНЕ ОК Охрид.

Владее законот или урбаната мафија која ја поддржувате?

Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?

— реклама —

Дозволивте пред очи да Ви изградат дивоградби и свесно го пренесувате вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град граѓаните ги гледаат дивоградбите.

Кој е тој значителен напредок во делот на исполнување на препораките?

— реклама —

На граѓаните веќе им е јасно дека одлуката за мораториум на градба не се почитува, а регистарот на дивоградби сѐ уште не го виделе.

— реклама —

Зошто Студиите за влијание на дивоградбите врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година кога власта имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018?

Престанете со екскурзиите, наместо да гостувате по емисии и да раскажувате приказни кој што Ви рекол, започнете со спроведување на препораките од УНЕСКО, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО -ДПМНЕ ОК Охрид,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања