Божиновски: Зошто Георгиески молчи откако заврши рокот на УНЕСКО за спроведување на активностите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
image-05-02-20-13-57

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите. Зошто Георгиески молчи откако заврши рокот на УНЕСКО за спроведување на активностите?

— реклама —

Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО, истакна  Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

— реклама —

Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум?

— реклама —

Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково?

Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности се спроведени на терен?

Јавноста бара одговор за резултатите од спроведувањето на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион.

За жал како што наближува изборниот процес така најверојатно бизнис интересите на власта се поважни од приоритетите на УНЕСКО и заштитата на Охрид. А, и што може да се очекува од уценет градоначалник.

Со оваа власт ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак СДСМ има капацитет да воведе ред во Охрид,истакна Божиновски.

фото: ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања