Браќата Усеини остануваат во притвор, предметот е вратен во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nefi

Битолскиот Апелациски суд го поништи решението на Охридскиот суд да ја прифати понудената парична гаранција од 30.000 на градскиот советник на ДУИ во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини, и на неговиот брат за да бидат пуштени од притвор.

— реклама —

Бидејќи Обвинителството се жалеше на оваа одлука, последниот збор да го имаше битолската Апелација. Тоа значи дека браќата Усеини остануваат и натаму во притвор.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Откако неколку дена браќата беа недостапни за полицијата, на 26 август сами се пријавија и беа притворени.

— реклама —

Против браќата се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако тоа го утврди полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања