Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бране Петрушевски гостин на шведскиот изборен процес во Стокхолм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysvm5e2qtaoq66nuSAeH

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов престојува во Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Петрушевски во Шведска престојува на покана на Moderaterna и Фондацијата „Јарл Хјалмарсон“, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи во рамки на европското семејство на сестрински и партнерски партии.

— реклама —

Во текот на дводневната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, а предвидени се и средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека партијата останува посветена на развивањето партнерства со европските сестрински партии и на размената на искуства и практики за, како што наведуваат, унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија.

— реклама —

Партијата изрази благодарност до Фондацијата „Јарл Хјалмарсон“ за поканата и поддршката за престојот на Петрушевски во Стокхолм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта банка ги демаскираа лагите, затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања