Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Братот на Беља: Не ја прифаќаме пресудата, ќе се жалиме до Апелација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

sudenje-sazdo

Ние не ја прифаќаме оваа пресуда и ќе се жалиме до Апелација. Видовме дека сѐ уште нема правда во Македонија, казната е превисока”, рече Бесарт Беља, братот на Бесир Беља, осуден за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски по денешното изрекување на пресудата.

— реклама —

Бесир Беља и Скендер Демири денеска од страна на Кривичниот суд беа осудени на 19 години казна затвор за сторено кривично дело убиство направено врз 20 годишниот Никола Саздовски,член на навивачката група Комити.

— реклама —

Беља, Демири и Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, почнале да го удираат Саздовски со боксови во главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите  со силни удари со нозете продолжиле со да го удираат по главата.

— реклама —

Саздовски како резултат на здобиените повреди, почина на 9 јули 2018.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања