Братот на Нефи Усеини тврди: Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pesok-od-ezero

Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини, советникот од редовите на ДУИ во општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото.

— реклама —

Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на Охрид SOS, дека багер на компанијата „Нефи ИК” црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на Охрид SOS, јави МИА.

– Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „Нефи ИК” ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме, вели Кујтим Усеини.

— реклама —

Компанијата „Нефи ИК” бара извинување од организацијата Охрид SOS и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации.

Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина Охрид SOS вчера на својот Facebook профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања