„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Братот на Шенки „Версаче“ и Владимир Талески-Двојче меѓу помилуваните од Сиљановска - објавена листата!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-22-at-21.27.33

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го помилуваше Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“. Освен него, помилуван е и ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Полицијата го гонеше Шенол Маслани дека е дел од 12 члена група која се заканувала на полицаец, се занимавала со дрога, поседувала оружје. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога.

Владимир Талевски-Двојче беше осуден за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година.

— реклама —

Помилување од три месеци доби и Марјан Ефремов, но не е познато дали е ова осудениот во случајот „Шпион“, предмет кој се однесуваше за шпионирање во корист на разузнавачки структури.

Ова се останатите:

Во согласност со Законот за помилување, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.

Молбата, заедно со потребната документација, судот ја доставува до Министерството за правда.

Според законски утврдената постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи, и дава свој предлог којшто го доставува до претседателот на Република Северна Македонија.

Комисијата за помилување на претседателот на Република Северна Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.

Комисијата, со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Северна Македонија.

Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука.

Одлуките на претседателот се јавни и се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања