Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Бремена снаа во Србија ја убила свекрвата, па си ги шетала децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
svekrva-snaa

31-годишната Кристина Кулчар ја измасакрирала мајката на својот сопруг, 59-годишната Ибоја Варга, во дворот од нивната куќа во Србија, па со насмевка на лицето ги шетала децата по селото, пренесува „ Курир.рс “.Стравичното злосторство ги потресе вчера селаните во Полјаница, кога Кристина  бремена во шестиот месец, ја убила својата свекрва во дворот од нивната куќа, после кавгата поради ручек.

— реклама —

Кристина на Ибоја најпрво ѝ зарила нож во грбот. Ранетата Ибоја се обидувала да избега на улица во потрага по помош, но снаата ја стигнала и ја докрајчила со вила, пишува Курир.рс

Золтан Варга, син на убиената Ибоја и сопруг на уапсената Кристина, за медиумите вели дека не може да поверува што му се случило. Тој бил информиран од пријателка за тоа што се случило додека бил на работа.

— реклама —

„На лулашките, лоцирани недалеку од нашата куќа, ја најдов Кристина со нашите синови, кои имаат две и четири години. Ја прашав што направи. Таа само се насмеа и рече: „Ја убив мајка ти“. Ги зедов децата и ѝ реков дека не вреди да бега. Тогаш полицијата дојде и ѝ стави лисици”, вели Золтан.

Тој додава дека пред злосторството ништо не укажувало дека ќе се случи такво нешто. Пред да замине на работа, тие две разговарале заедно и пиеле кафе, па се сложиле и заеднички за ручекот за тој ден. Тој додал дека неговата сопруга имала психички тегоби, поради што три пати лежела  на невропсихијатрија во Нови Сад, а се лекуваше и во Специјална болница за психијатриски болести, каде престојувала 6 месеци.

„Кога од болницата бараа да потпишам за да ја пуштат, одбив, велејќи дека не сакам да одговарам за неа, затоа што повеќе пати беше агресивна. Меѓутоа, нејзините родители дадоа согласност во болницата“, истакнал Золтан.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања