Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Bремето на локални шерифи заврши, вели СДСМ откако МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

ДПМНЕ е криминална партија и тоа е докажано со правосилни судски пресуди. Затоа и не чуди што оваа партија брани лица осомничени за сторени кривични дела како што е последниот случај со нивниот градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов, велат од СДСМ откако претходно денес МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кочани за злоупотреба на службената положба и овластување, односно именување на директор на средно училиште кој немал положено испит во законски утврдениот рок.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„ДПМНЕ раководена од Христијан Мицкоски а длабоко навлезена во режимската матрица мисли дека нивните градоначалници можат да се однесуваат како локални шерифи како што тоа го правеа во време на режимот, па затоа со сите сили се обидуваат да го заштитат нивниот градоначалник кој е осомничен дека ја злоупотребил службената положба.

— реклама —

ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека времето на локални шерифи заврши, денес секој граѓанин, секој функционер без разлика од функцијата што ја извршува и без разлика на партиската припадност одговара пред законите.

Со денешните очајнички обиди за релативизирање на сомневање за сторено крвично дело, Мицкоски и ДПМНЕ само покажаа дека уште се на браникот на криминалот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ претходно излезе со став дека во случајот станува збор за партиски реваншизам, а именуваниот директор не и’ бил по кејф на власта.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања