„Брима“ со анкета: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ за локалните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-mickoski

Теренското истражување (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1 201 испитаници.

— реклама —

На помалку од еден месец од одржувањето на локалните избори, анкетата на „Брима“ покажува дека 19,8% од испитаниците би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн, објави „Слободен печат“.

Во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат. Околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат „не знам“, а  7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.

— реклама —

Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.

Теренското истражување (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1 201 испитаници.

Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања