ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
pari

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари во една градска улица во округот Блек Колиер на северот на земјата. Локалните медиуми објавија дека непознатото лице ги остава ковертите со пари од 2014 година.

— реклама —

На почетокот од оваа недела, во еден плик беа пронајдени 2.000 фунти (2.300 евра). Ова е четвртa коверта од почетокот на годината, а дванаесетта во овие пет години.

— реклама —

Портпаролот на локалната полиција Џон Форстер изјави дека случајот останува мистериозен.

— реклама —

„Затоа ние ја поздравуваме секоја информација што ќе ни помогне да расветлиме за овој инцидент“, рече Форстер.

Забележувајќи дека лицето што ги оставило парите може да биде филантроп, Форстер исто така им се заблагодари на граѓаните кои ги пронајдоа и ги донесоа парите. Тој додаде дека парите ќе бидат кај нив две недели, а доколку сопственикот не се појави, тие ќе бидат вратени на лицето кое ги нашло.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања