Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Британскиот парламент го отфрли предлогот на премиерот Џонсон за распишување избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
parlament

Британската влада и официјално го суспендираше парламентот во следните пет недели. Претходно законодавниот дом ја отфрли иницијативата на премиерот Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата.

— реклама —

Со 293 гласа „за“ што е далеку од потребното двотретинско мнозинство од 650-те пратеници на долниот дом на британскиот парламент за распишување општи избори, претениците вторпат во пет дена ги одбија предлогот на премиерот Борис Џонсон кој сакаше да ги повика гласачите на избори на избирачките места на 15-ти октомври. Џонсон смета дека може да го поврати загубеното мнозинство во парламентот на неговата Конзервативна партија и да го спроведе своето ветување за брегзит на 31-октомври, со или без договор со ЕУ.

Премиерот пред гласањето истакна дека нема да бара „ново одложување“ на брегизитот предвиден за 31-ви октомври, и покрај законот кои во таа смисла го донесе парламентот и кој во понеделникот стапи на сила откако го одобри кралицата Елизабета Втора. Џонсон не кажа кои чекори ќе ги преземе натаму, дали ќе се обрати до судот, ќе поднесе оставка или ќе стори нешто трето.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања