Брнз: Новата Влада да се формира во предвидените рокови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kejt-Brns-670x496

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз во интервју за весникот „Коха“ порача новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Таа исто така вели дека САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да се продолжи евроатланскиот пат на Северна Македонија.

— реклама —

-Ние очекуваме партиите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со КОВИД 19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми е приоритет, вели Брнз за „КОХА“.

На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка оценува дека плуралистичкиот систем на земјава овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.

— реклама —

-Зависи од мнозинството во парламентот што ќе ја изгласа идната Влада.  Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука без оглед на етничката или политичката припадност, рече Брнз.

Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната Влада, амбасадорката Брнз вели дека треба да се искористи моментот.

-Новата Влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка се надеваме дека таа ќе има за цел да извлече бенефит од моментот кога е овозможено членството во НАТО  и  напредокот кон ЕУ.  Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес.  Најважно е да не се изгуби моментот, рече Брнз.

Извор:МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања