„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Брнз: Разочарани сме што членките на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
02092020_PVRSM-Zaev_sredba_ambasadorka-na-SAD-Brnz_1

Разочарани сме што земјите-членки на ЕУ не успееа да ја одобрат преговарачката рамка на Советот за општи работи вчера, изјави денеска на Првиот Економски фориум Скопје , американската амбасадорка Кедјт Мери Брнз.

— реклама —

-Но , нема сомнежи дека Македонија ја направи потребната работа за да ги започне пристапните преговори и тоа е чекор кој ние веруваме дека би ја зголемил политичката стабилност, би ја унапредил политичката и економската конекција со Европа и би помогнал на трансатлантската врска.“ , рече Брнз во обраќањето пред учесниците на Форумот .

–Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми, истакна Брнз.

— реклама —

Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и не променети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

Претседателот Бајден, посочи Брнз, во рамки на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме", и продолжувањето на градењето на врските, нагласи Брнз, меѓу Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања