Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, вели Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
idiot-3

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.

— реклама —

„Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација“, рече потписникот на Преспанскиот договор.

Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.

— реклама —

„Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома“, вели Димитров.

Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство.

Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.

- Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања