Од правосилните судски пресуди, а не од извршната власт, зависи колку ќе заврти бројчаникот на Триумфалната капија, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, според кого, како што ќе се инкасираат парите во буџетот, така ќе се испишува на уредот. Тој одговарајќи на новинарско прашање посочи дека бројчаникот треба веќе за заврти 18 милиони евра од судската постапка за „Трансмет“ за Сеад Кочан, а дополнително, ако Обвинителството докаже вина пред судовите, нови 11 милиони од запленетите пари од дијализите.
„Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник овој треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на ‘Трансмет’, кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на државата со продажба на самиот имот. 1 милион евра од Финансовата полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, каде ќе се утврди одговорност, се носат и пресудите за материјалното плаќање за обештетување на државата. Бројчаниот зависи од судските пресуди, не од извршната власт. Од извршната власт, значи, оставање на процесот на правосудството на независен начин да ги утврдува сите овие постапки, со конечните права на жалба на секој граѓанин кои ги има со Устав. Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3 милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие ќе завршат 11 милиони евра на бројчаникот“, рече Заев.