ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Бројката од саботата на ново дијагностицирани е варијација која се должи на кластер во Штипска конфекција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56083030

Во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче објасни дека бројката од саботата, исто како и некои претходни варијации т.е отскокнувања од некоја вообичаена бројка, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип.

— реклама —

„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот „ –изјави Филипче.

Филипче појасни дека високата бројка не е тренд, туку варијација, заради тоа што јасно е идентификуван бројот на ново дијагнсотицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот. Во таа смисла, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на ново дијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, сите други ширум државата.

— реклама —

Во однос на пост изборните собири, но и забавите по клубовите, Филипче потенцираше дека постојат протоколи за апсолутно секој настан, секоја организација, без разлика дали е на отворено или на затворено.

„Сите мора да се свесни дека тоа е новиот начин на функционирање. И во затворена просторија кога се организираат едукации, полагања испити итн, се седи на дистанца се носат маски. На отворено капацитетите се најмногу 50% исполнети, со јасно обележани места каде треба да стојат луѓето. И на отворено кога има концентрација на луѓе мора да се носат маските" – рече Филипче.

Тој посочи дека мора да има поголеми контроли дали се почитуваат мерките и протоколите.

„Од целокупниот систем тоа е нешто што сериозно заостануваше или не се извршуваше и тоа мора да се право поригорозно, мора поинтензивно на терен да се прави увид и контрола, да се проверува дали се почитуваат протоколите. Ние не можеме да живееме затворени, не може ниту една земја во светот да живее затворена. Единствена дополнителна мерка на тоа што сега е на сила е рестрикција во движењето што може многу лесно да се избегне ако се почитуваат мерките. “ – потенцираше Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања