Промени тема
Контакт

Бројките ги демантираат „успешните“ мерки на власта, инфлацијата во месец март е 8.8%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

„Какви црни мерки на власта помогнаа во справување со кризата? Бројките го демантираат соопштението на СДСМ. Имено, во јануари месец инфлацијата беше 6.7%, во февруари месец 7.6%, за да во март месец е 8.8%“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Според бројките може да се воочи дека мерките на СДСМ не се баш успешни во справување со економската криза.

— реклама —

Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.

— реклама —

За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

— реклама —

Со оваа криминална власт граѓаните секој ден стануваат се посиромашни“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања