Промени тема
Контакт

Бројни награди за охридските ученици на Државниот натпревар по Атлетика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Atletika_17052023001

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово .

— реклама —

Во категоријата скок во височина кај жени Прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија кај мажите Третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.

— реклама —

  • Во категоријата фрлање ѓуле кај жени, Третото место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
  • Во категоријата скок во далечина кај мажи , Второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
  • Во категоријата трчање на 400 метри кај мажи, Третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ Свери Климент Охридски.
  • Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето место освои ученик од ООЕМУЦ.

Што се однесува до основните училишта во категоријата скок во височина за жени, Второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.

— реклама —

— реклама —

  • Во категоријата трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.
  • Во категоријата трчање на 600 метри кај жените Првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и единство“.
  • Во категоријата трчање на 300 метри кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.
  • Во категоријата скок во далечина кај мажи третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за жени, Второто место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.

Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања