Промени тема
Контакт

Бројот на умрени лица од насилна смрт во Македонија зголемен за 54.6 %

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pretepal-do-smrt

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 54.6 % во однос на претходната година и изнесува 677 умрени лица.

— реклама —

Умрените од насилна смрт учествуваат со 2.4 % во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2021 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 61.9 %.

— реклама —

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 83.3 %, „самоубиствата“ со 15.5 % и „убиствата“ со 1.2 %.

— реклама —

Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 65.1 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт. Кај категоријата „самоубиства“ најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 8.3 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

— реклама —

Во категоријата „убиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ и поради „обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин“, учествуваат со по 0.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања