Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Бројот на вработени во јавниот сектор за една година зголемен за 3.300 луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
administracija

Јавниот сектор во државата лани имал повеќе вработени во споредба со 2017-та. Ова го покажува извештајот на Министерството за информатичко општество и администрација за бројот на работните места во државни институции.

— реклама —

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година. Извештајот содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година изнесува 132.068. Вработените се распределени во 1.314 институции.

— реклама —

За споредба извештајот од 2017 година, пак, покажува дека во 1.299 институции работеле 128.722 лица, што значи дека во државата се зголемува и бројот на јавни институции и бројот на вработени, односно за една година бројот на буџетарите се зголемил за 3346 вработени.

— реклама —

Министерот Манчевски уверува дека реализираните вработувања биле неопходни бидејќи се пополнувале места каде недостасувал стручен кадар..

Министерот Манчевски вели најавените вработувања во Царинската управа е одлука на институцијата и вели дека постојат отстапки при распишување огласи за вработувања непосредно пред избори доколку за тоа има неопходна потреба.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања