Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Бројот на жртви од вулканската ерупција во Нов Зеланд се зголемува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
vulkan

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако уште едно лице ноќеска почина во болницата во Окланд, соопшти денеска локалната полиција.

— реклама —

Ерупцијата на вулканот на Белиот остров во заливот Пленти, на 270 километри јужно од Окленд, се случи на 9-ти декември. Во моментот на природната стихија на островот и неговата најблиска околина имало 47 лица, од Нов Зеланд и туристи од Австралија, Велика Британија, САД, Кина и Малезија.

— реклама —
— реклама —

Веднаш по ерупцијата властите објавија за девет жртви, а подоцна уште едно лице почина во болница. Првично уште осум лица беа прогласени за исчезнати. Во текот на операцијата за потрага и спасување, којашто поради безбедносни причини започна на 13-ти декември, на островот беа откриени тела на седум  жртви. Така, уште две лица се водат како исчезнати.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања