Бруки, гадни, циркузанти - јавноста не бира зборови за Дафина и Маричиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
maricic-dafina

Низа реакции по теленовелата во Собранието, наречена „бакнежи“. Дел го осудуваат однесувањето на пратениците и вицепремиерот Бојан Маричиќ, други, се исмејуваат, но има и такви кои состојбата ја претставуваат преку иронични статуси. Најголем дел, сметаат дека однесувањето на сите инволвирани е срамно.

— реклама —

„Теленовелава во Собрание е брука. Не само за Маричиќ, туку за сите. Драмолетка платена со 78% покачени плати“, напиша новинарот Кристијан Ландов.

— реклама —

— реклама —

Адвокатот Воислав Димовски, дециден е дека му се гади.

„За мене како даночен обврзник и обичен гласач, подеднакво се гадни: - бакнежите на Маричиќ и жестоката одбрана на честа на пратеничката во време кога млако се реагира на едно чудо други акти на демонтажа на државата. Сето тоа на ден наменет за пратенички прашања!“, напиша тој.

И инфлуенсерот и критичар, Божидар Божиновски, со свој став.

„На пратенички прашања после помината амнестија за злосторничко здружување, во очи на нова амнестија која ќе опфати и помагатели на yбиствата кај Смилковско езеро, среде економска криза, во време кога можеше да се разговара за модуларна, онкологија, рудниците на смртта, корупција, да се бараат решенија, оставки, што и да е, циркузантите ни го сервираат ова ко дистракција. Ништо повеќе од вакви кафански трикови не можат да понудат, ни па ги интересира“, напиша Божиновски.

Порака упати и Иљче Затаракоски.

„Државичево ни е ко растителен кашкавал. Вака на прв поглед личит на држава, ама реално - не е!“, напиша Затаракоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања