Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Брутален напад во Охрид: 52-годишник претепан и ограбен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Охрид
ohrid-carsija-policija

Полицијата приведе две лица осомничени за физички напад и грабеж врз 52-годишен охриѓанец, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Станува збор за Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид, кои биле лишени од слобода во 02:35 часот во населбата Плитишта во Струга.

Според информациите од МВР, нападот се случил околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија. Осомничените физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.

— реклама —

Жената В.М. (41) успеала да го заштити нападнатиот и да го внесе во својот стан, но напаѓачите повторно влегле и продолжиле со нападот, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди.

— реклама —

Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Напаѓачите избегале откако била повикана полиција, а жртвата подоцна забележала дека му недостасуваат пари и личен накит од паричникот.

— реклама —

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

Експлозија во стан во Аеродром: се запалил бојлерот во тоалетот

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Серија насилни инциденти во Македонија: Татко го натепал синот, еден маж ги нападнал таткото и сопругата, друг — мајка му

Македонија | пред 19 часа

media-library1t41dhskauv96tipxic

Осум возачи уапсени: возеле без дозвола, пијани или со забрана

Македонија | пред 19 часа

media-libraryi84rjk4mbmi0ble3chx

37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, наредена обдукција

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања