Промени тема
Контакт

Брутално претепале човек за лубеници - се бара притвор за две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tepachka-deca
Фото: Илустрација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело „Насилство“ согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, инцидентот се случил на 24 јули во селото Орешани, откако осомничените – на возраст од 39 и 31 година – сметале дека едно лице украло лубеници од нивата на првоосомничениот.

Двајцата осомничени со товарно возило го следеле оштетениот, кој се движел со автомобил од Петровец кон селото Таор. Откако жртвата се паркирала во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените веднаш пристигнале, излегле од возилото и го нападнале.

— реклама —

„Го извлекле оштетениот насилно од автомобилот и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира, сè додека жртвата не паднала во безсознание“, соопшти Обвинителството.

Од силниот напад, жртвата задобила тешки телесни повреди и се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Во моментот е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

— реклама —

Освен врз жртвата, насилството предизвикало страв и несигурност кај неговиот внук, кој бил сведок на нападот, како и кај жителите на селото.

— реклама —

Ценејќи ги тежината на делото, ризикот од бегство и можноста за повторување на кривично дело, обвинителот поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Судот треба да одлучи дали лицата ќе бидат задржани во притвор додека трае истрагата за овој брутален напад со опасни последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања