Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Брз автобуски превоз во Скопје - Арсовска со детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
danela-avtobus-1170x780-1

По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем, велат од Град Скопје.

— реклама —

Тие додаваат: „Системот за брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект.

— реклама —

Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да не сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието.

— реклама —

Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања