Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Бубевски: Се зголемува бројот на пациенти кои сведочат против Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zan-mitrev

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека во меѓувреме се зголемува бројот на пациенти кои сакаат да сведочат против Жан Митрев и неговата клиника за лекувањето со методот на хемофилтрација. Досега беше позната бројката од 283 пациенти кои се пријавиле како оштетени лица.

— реклама —

- Да, тој случај сигурно се зголемува и во меѓувреме е зголемен. Меѓутоа, во моментот се располагаше со тој број на оштетени лица за кои што имавме искази, односно вербален материјал што укажуваше на обележја на кривично дело - измама.

— реклама —

Ќе видиме сега, во судница е сепак она главното што ќе се случува. Таму ќе се соочат аргументите и на Обвинителството и на одбраната и ќе видиме на кој начин Судот ќе завземе став во однос на измамничките дејствија за коишто Обвинителството смета дека ќе ги докаже, рече Бубевски во денешното интервју.

— реклама —

 

Кривичниот суд за на 28-ми февруари го закажа првото рочиште против докторот Жан Митрев, обвинет за измама при давање на медицински услуги во неговата приватна болница.

Според обвинението, доктор Митрев меѓу јуни 2020 и јуни 2022 година со прикривање на факти ги довел во заблуда пациентите кои во болницата се лекувале од ковид – 19.

На пациентите им била нудена хемофилтрација, која не била одобрена од здравствените власти.

Со ова, според обвинителството, докторот Митрев за себе прибавил еден и пол милион евра, откако семејствата на пациентите ги довел во заблуда дека е потребно да им се изврши хемофилтрација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања