Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Буџетот скроен од Ковачевски е најава за нови задолжувања и уште поголема економска катастрофа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
banki-2

Буџетот за 2023 не само што е рекордно најголем, туку во исто време е и инфлаторен и неразвоен. Ова само потврдува дека оваа власт на СДС и ДУИ е генератор на кризи и наместо да ги решава уште повеќе ги продлабочува,вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Заради нивните лоши економски политики, комбинирани со криминалот и корупцијата, доведоа до ситуација Македонија да се наоѓа во економски и социјален колапс. Стандардот на граѓаните е уништен, затоа што инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Македонија со Ковачевски има една од највисоките стапки на инфлација од 20%. Македонија со Ковачевски е во топ 10 земји во светот според инфлацијата на цените на прехранбените произвди. Македонија со Ковачевски има убедливо најниска прогноза за раст на БДП во Европа, а единствено полоши од нас се само Русија и Украина кои се во војна.

— реклама —

Македонија со Ковачевски е на дното по прилив на странски инвестиции во целиот регион.

Во Македонија за година и пол се затворени над 12 илјади компании, а уште толку едвај врзуваат крај со крај бидејќи плаќаат најскапа струја во споредба со останатите држави од опкружувањето.

— реклама —

Македонија со Ковачевски достигна долг од 8,5 милијарди евра.

— реклама —

Новиот буџет за 2023 година кој го скроила власта тежи 5,3 милијарди евра предвидува буџетски дефицит од 700 милиони евра, што е најава и за нови задолжувања и економска катастрофа. Резултати од рекордните буџети и задолжувања од владите на СДС нема. Реализацијата на капиталните инвестиции едвај надминува 50 % иако постојано се кратат. Нема нови автопати, болници, училишта, детски градинки... Парите на народот завршуваат во дупка, или поточно во криминалните тендери и длабоките џебови на нивните функционери“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања