Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Буџетот за 2023 година обезбедува средства за нов раст на минималната плата и ново зголемување на пензиите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pari

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Буџетот за 2023 кој е прв буџет што е усогласен со новиот Закон за буџети и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, вели СДСМ

— реклама —

„Со Буџетот за 2023 година, на дело продолжува грижата за граѓаните и за домашната економија.

Тој обезбедува ново зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, за што се предвидени значително повеќе средства споредено со оваа година.

— реклама —

Дополнителни 250 милиони евра се предвидени за продолжување на помошта и поддршката за граѓаните во справувањето со последиците од глобалната економска криза.

— реклама —

Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става и на капиталните инвестиции.

Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, што е за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година.

— реклама —

Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања