ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Буџетот за кратко време веќе креира огромен дефицит и пред да почне кризата во Украина, вели Димовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
ilija-dimovski

Буџетот во неговиот приходен дел е проектиран на погрешни (напумпани) податоци за БДП, вели поранешниот пратеник во Собранието, Илија Димовски.

— реклама —

„Буџетот за кратко време веќе креира огромен дефицит и пред да почне кризата во Украина...

— реклама —

Државата троши многу повеќе од тоа што може да собере од веќе ослабената економија...

— реклама —

Мерките кои ги промовираше Владата или ќе немаат никаков ефект или ќе имаат значење не подолго од еден месец...

Граѓаните нема да видат ќар...

Државата (како што кажа Пендаровски) уште пред 4 месеци знаела за заканата од голема војна во Европа...

Не превземала ништо...

Без драстично, ама сериозно драстично, кратење на расходите на централната Влада, Република Македонија оваа криза ќе ја помине со драматични последици...

Нови големи задолжувања и еврообврзници ќе ја однесат државата во децениска стагнација и должничко ропство кое ќе значи дека ќе ја изгубиме сувереноста во раководењето на економијата...

Лудите идеи за зголемување на даноците Ве молам да ги заборавите...

Оваа Влада нема знаење и капацитет да се справи со вакво економско невреме...

Луѓето кои ја водат нашата економија не зрачат со доверба дека знаат да се снајдат“, вели Димовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања