Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Бугарија ѝ предложила на Македонија акциски план за спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaharieva-bickosvki

Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ), Владо Бучковски, денеска е во работна посета на Бугарија. Бучковски се сретна со вицепремиерката Екатерина Захариева,  пренесува „Бгнес“ повикувајќи се на информации од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

— реклама —

„Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (во согласност со член 12 од договорот). Направен е преглед на спроведувањето голем број обврски за кои е утврдено дека доцнат“, се вели во информацијата што ја објави „Бгнес“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања