Бугарија и С. Македонија најдоа решение, тврди Макрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makron-radev-i-petkov

Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Дојче Веле.

— реклама —

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.

— реклама —

Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје.

— реклама —

Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи.

Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.

Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања