„Бугарија има за цел да уништи се што е македонско“, хрватски македонист бара реакција од Владата и институциите за изјавите на Јотова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
goran-kalogjera-slika-od-fb-960x607-1

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера кој е и надворешен член на МАНУ бара реакција од Академијата но и од македонистичките научни институции (Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја) да реагираат на провокативните и неточни изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова викендов во Битола.

— реклама —

„Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото, што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пизд…а“ од светски размери исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници, истакнува Калоѓера во својот пост на ФБ.

— реклама —

Калоѓера вели дека нема намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и „да уништи се што е македонско“. Но се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.

— реклама —

Калоѓера кој е универзитетски професор во Ријека од 2003-та година е надворешен член на МАНУ, познат македонист. На МАНУ стои како „дипломиран компаратист проф. Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Мила­диновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања